Во МВР заразени со коронавирус се 344 вработени, најголем дел се во БЈБ

Од:

Во Министерството за внатрешни работи, инфицирани со коронавирус се 344 вработени. Сите инфицирани се од различни организациски единици при министерството. Најголем дел од активните случаи се во рамки на Бирото за јавна безбедност. Поради контакт со заразено лице, решение за самоизолација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат имаат 302 вработени.

„Во рамки на организационите единици од активните случаи: 67 лица се вработени во службите при МВР, 87 во рамки на Бирото за јавна безбедност, 3 лица во РЦ за ГР Југ, 19 во РЦ за ГР Север, 3 во РЦ за ГР Исток, 8 во РЦ за ГР Запад, 83 во СВР Скопје, 13 во СВР Охрид, 14 во СВР Битола, 9 во СВР Штип, 18 во СВР Велес, 1 во СВР Куманово, 9 во СВР Струмица и 10 лица во СВР Тетово“, велат од МВР за „А1он“.

Заболен со коронавирусот беше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој беше хоспитализиран во Инфективната клиника во Скопје. Од пред две недели, тој е пуштен на домашно лекување.

„Бескрајно сум им благодарен на нашите здравствени работници кои ми помогнаа мене, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот. Тие се нашите херои“, објави Спасовски минатата недела.

Инаку, вчера беа регистрирани 1198 нови случаи на ковид-19. Од нив, најголем дел, односно 572 се од Скопје.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа