Во музеите лани 476.385 посетители

Од:

Во музеите изминатата година имало 476.385 посетители. Ова го oбјави Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Од вкупно 28 музеи, според основачот, 19 се јавни (национални) музеи, осум се јавни (локални) музеи и еден приватен музеј, додека според предметот на работа, 18 се општи и 10 специјализирани музеи.

Во 2015 година, музеите организирале 102 сопствени изложби од кои 85 изложби биле организирани од страна на општите музеи и 17 од страна на специјализираните музеи.

Музеите располагале со 224.779 инвентарирани предмети, од кои 36 980 биле изложени во музеите во 2015 година. Збирките располагале со 222.850 инвентарирани предмети, од кои 35.489 биле изложени.

Податоците на Државниот завод за статистика се добиени од пополнетите прашалници за 2015 година, што ги доставиле 28 музеи и 46 музејски збирки.

Би можело да ве интересира

Книги од семејната библиотека на композиторот Кирил Македонски подарени на НУ Завод и Музеј-Битола

А1он

Разрешен директорот на струмичкиот Завод и Музеј

А1он

Промовирани веб страница и материјали за струшкиот Музеј „Др Никола Незлобински“

Наум Локоски

Природонаучен музеј на Македонија отвора подружница во Стар Дојран

Ана Ололовска

Музејска поставка „100 години од Првата светска војна“

Ана Ололовска

Природонаучниот музеј одбележа 90 години постоење

Емир Латифовиќ