Разрешен директорот на струмичкиот Завод и Музеј

Од:

На 10 декември Ацо Манински е разрешен од дожноста директор на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица“ заради неоставрување на програмата за работа на установата, како и работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон.

Во решението за разрешување на директорот се посочува дека тој меѓу другото не го реализирал Годишниот договор од 22 февруари годинава за обезбедување финансиски средства за изградбата на Стариот театар во Струмица и не се споведувала динамиката на реализаџијата на проектот во рамки на утврдените средства за реализација на проектот за 2021 година и на 10-ти овој месец Министерството за култура еднострано го раскинало договорот за обезбедување на финансиски средства за изградба на театарот.

На денешната прес – конференција Манински демантираше оти причина за неговото разрешување е неостварувањето на програмата за работа на установата, туку напротив таа е целосно реализирана.

– Ние подолго време го информираме Министерството за нашата блокирана сметка уште од лани и оваа година институцијата работи блокирана. И покрај тоа програмата е 100 отсто релизирана и таа чини околу 80 илјади евра, а покрај неа се реализирани вонпрограмски проекти во вредност од над 150 илјади евра. Проблемот настана околу изградбата на Стариот театар, кој трае веќе десет години. За тоа време се променија седум директори и четворица министри, кои не успееја да ја завршат изградбата, смета Манински.

Според него, проблемите излегле на површина оваа година заради преземените обврски и договори од страна на Министерството.

– Тетарот воопшто не е работа на институцијата. Таа ниту има подобен кадар, ниту соодветни луѓе и инфраструктура кои можат да реализираат таков објект. Како и да е наметната е обврската, која не успеало да се реализира од други причини кои ги прифатило Министерството. Изградбата е започната со некомплетен и неквалитетен проект, со многу пропусти и направени договори со кои интересите на институцијата и на државата не се заштитени, посочува меѓудругото досегашниот директор.

Тој објасни дека ја прекинале работата на Надзорот на објектот и се обратиле до Државниот завод за ревизија да изврши контрола и да утврди колку и како е заштитен интересот на државата. Заради тоа била блокирана сметката на „Завод и Музеј Струмица“ од страна на поранешниот Надзор.

– Сметам дека моето разрешување е плод токму на тие обврски, бидејќи побаравме да дојде Државниот завод за ревизија и побаравме одговорност од двете министерства заради тоа што кога сметката ни беше блокирана низ неа поминаа пет милиони денари, кои извршителите не ги зедоа и тие останале скриени. Но, изведувачот „Макаус“ успеа да си ги повлече тие средства како сметката воопшто да не е блокирана, рече Манински.

Манински ги повика истражните институции да ја разгледат целокупната документација и да утврдат кои били причините за таквата состојба. Денес тие добиле известување од Министерството за финансии дека тие не се виновни за блокирањето на сметката, а преку Основниот суд во Струмица успеале да ја одблокираат сметката. За бликирањето на сметката „Завод и Музеј Струмица“ води судска постапка и за тоа се прави вештачење.

Би можело да ве интересира

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски

Струмичанец нападнал и ограбил сограѓанин

А1он