Во мирување генералниот штрајк во образованието

Од:

Советот на СОНК на денешната седница, по повеќечасовна расправа го стави во мирување Генералниот штрајк во образованието закажан за утре.

Во соопштението од оваа синдикална организација се наведува дека рокот за конкретни резултати од преговорите со Министерството за образование и наука (МОН) за нивните барања е до крајот на годината.

– Доколку Советот после овој рок оцени дека прифатените Барања од МОН не се соодветни со реалните можности и не се одраз на аргументите по Барањата, во тој случај веднаш  во почетокот на јануари 2015 година, Советот на СОНК ќе одлучува за одредување на новиот датум за одржување на штрајкот во образованието, се вели во соопштението.

Советот на СОНК, како што се наведува натаму, одлучи уште еднаш да побара од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за култура, веднаш да продолжат преговорите по Барањата за градинките и за културата, соодветно како на договорот со МОН.

СОНК едногласно одлучи да се покрене судска постапка и против сите, за кои ќе обезбеди докази дека вршеле притисоци во врска со одржувањето на Генералниот штрајк врз членовите на СОНК, што е спротивно на Законот за работни односи и санкционирано со Кривичниот законик.

– Советот на СОНК заклучи дека постојат голем број докази давани од поединци преку средствата за јавно информирање, за кои смета дека се неоспорен доказ за направеното кривично дело, се наведува во соопштението на СОНК.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати