Општина Македонска Каменица во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБС) ќе спроведе едукативни проекти за поголема безбедност во сообраќајот.
– Безбедноста е серизоен општествен проблем кој бара сериозен пристап од граѓаните и од надлежните институции. Како во светски рамки, така и во Македонија се зглемува бројот на сообраќајни несреќи во населените места. Во таа смисла, важна е улогата на локалната самоуправа во делот на обебзбедувањето услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот, така и во делот на сообраќајното превентивно делување, рече денеска секретарот на РСБС Ристо Манчев кој со својот тим беше во посета на Македонска Каменица.
Тој додаде дека и во изминатиот период РСБС со Општина Македонска Каменица имаше добра соработка.
– Денеска покажавме иницијатива и во наредниот период ќе реализираме голем број едукативни сообраќајни проекти насочени кон сите категрории учесници, посебно ранливите категрории, како што се децата, пешаците,… Статистиката покажува дека доминантна причина за предизвикување на сообраќајните несреќи е факторот човек и брзото управување со возилата, посебно под дејство од алкохол, затоа во иднина ќе организираме голем број едукативни работилници, додаде Манчев.
Според градоначалникот Дарко Митевски, Општината изминатиов период реализирала голем број проекти кои за поголема безбедност во сообраќајот.
– Покрај поставување вертикална и хоризонтална сигнализација, изградивме и многу други објекти, паркинзи, тротоари, но реализиравме и проекти со граѓаните од селските средини, бесплатен превоз, изградба на патишта, автобуски постојки, истакна Митевски.