Во Македонија подобрен пристапот до лекови за хередитарен ангиоедем

Од:

Во Македонија два од регистрираните четири лека во Европа им се достапни на пациентите со хередитарен ангиоедем. Македонија споредено со другите земји во регионот направи успех во поглед на пристапот до лекови за овие пациенти.

Ова денеска го истакна извршниот директор на Меѓународната организација ХАЕ Интернешнел, Хенрик Бојсен, пред почетокот на третиот регионален состанок на земјите од Југоисточна Европа за хередитарен ангиоедем. Посочи дека 11 земји од регионот се членки на организацијата.

– Успеавме да донесеме тука два од регистрираните четири лека во Европа. Здружението успеа да го подобри пристапот до лекови, додаде Бојсен.

Претседателот на Здружението за хередитарен ангиоедем ХАЕ Македонија, Наташа Јовановска Поповска истакна дека бројот на пациенти е во пораст како резултат на разните активности кои ги организираат.

– Во помалите места докторите не се доволно обучени да ги препознаат симптомите. Понекогаш се случува пациентите сами да си ги препознаат симптомите и како резултат на тоа последниве години има драматичен пораст на бројот на пациенти од 11 пред пет години на 22 пациенти (20 возрасни и две деца). Очекуваме тој број постојано да расте. Во регионот бројот на заболени изнесува 1.000. Во Македонија засега се достапни две од шесте терапии понудени во светот, рече Јовановска Поповска.

Посочи дека хередитарен ангиоедем е болест која се манифестира со отоци на разни делови од телото која може да биде фатална доколку отокот се појави на грлото и поради тоа треба да се земаат лекови. Додаде дека пациентите хередитарен ангиоедем во Македонија се дел и од клиничката студија за нови терапии кои се развиваат.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството