Во Македонија откриени се двајца пациенти болни од Мајмунски сипаници

Од:

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје беа упатени од Клиниката за кожни болести два пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунски сипаници и воедно беше упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес. Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници, извести ИЈЗ.

„Бидејки за прв пат во нашата држава се лабораториски потврдени Monkeypox – Мајмунски сипаници, после добиените резултати, веднаш се реагираше брзо, се преземаат соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерство за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др. Согласно протоколите по добиеното известување, докторот кој ги примил пациентите ги информира пациентите за добиените резултати. Потоа следи епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот за јавно здравје.

Стручни лица епидемиолози од ИЈЗ се вратени на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица, како би се добиле податоци кои би биле
исклучително важни за понатамошно постапување. Анкетата е се уште во тек. Ќе биде препорачано на позитивните пациенти да се јават на Инфективна клиника.
Институтот за јавно здравје ќе продолжи да ја следи состојбата.

Во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално се преземаат сите потребни мерки. Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на последиците од ваквата појава и се преземаат сите превентивни мерки. Во текот на утрешниот ден ќе следат подетални информации за јавноста“, веат од Институтот за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Кај двајца мажи од Скопје се потврдени со мајмунски сипаници

Горан Наумовски

Пациентот од Кичево нема мајмунски сипаници

Ана Ололовска

Мигрантот хоспитализиран на Инфективно е негативен на мајмунски сипаници

Маја Илиевска-Пачемска

Карантин за сите сомнителни случаи во земјава со мајмунски сипаници

Ана Ололовска

Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјава, треба да биде направено тестирање

Во Словенија досега потврдени 35 случаи на мајмунски сипаници