Во Република Македонија епидемиолошката состојба е стабилна, нема случај на западно нилска треска, ниту зголемен број епидемии или труења од храна.
Ова денеска го истакна раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, Јованка Костовска, која рече дека Комисијата за заразни болести постојано заседава и ги презема сите мерки колку може да ја намали оптовареноста од овие заразни заболувања.
– Дезинсекција се врши низ целата држава и Државниот санитарен и здравствен инспекторат редовно прави контроли и има увид каде е направена дезинсекција, додаде Костовска.