Во Македонија 200.000 луѓе страдаат од депресија

Од:

Околу 200.000 луѓе во Македонија страдаат од депресија. Во просек секоја петта жена и секој десетти маж страдаат од депресија. Депресијата, исто така, е најчеста причина за самоубиствата, кои во земјава се во пораст.

– Во врска со самоубиствата, ситуацијата внимателно се следи од сите надлежни институции и веќе се преземени конкретни мерки и активности за превенција на оваа појава, за кои е информирана и Владата на завчерашната седница, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Тој рече дека одржал состаноци со експерти од оваа област во државата, при што се предложени мерки и активности во насока на справувањето со депресијата и на превенцијата на самоубиствата, а со цел да се спречи непотребниот губиток на животот на граѓаните.

– Мерките и активностите вклучуваат спроведување на кампања преку која родителите ќе можат да препознаат депресија кај своите деца, во соработка со Комората на психолози, Здружението на клинички психијатри и Министерството за образование и наука, да се изврши едукација на сите училишни педагози и психолози за препознавање знаци на депресија и најмалку еднаш годишно проценка на менталниот статус кај учениците во основните и средни училишта од страна на училишниот психолог/педагог и идентификување на оние ученици кај кои постои одредена форма на депресија, односно тенденција за суицид, рече Тодоров.

Директорот на Клиниката за психијатрија, Антони Новотни рече дека 80 отсто од оние кои страдаат од депресија, зборуваат за самоубиства.

Од депресија, рече тој, страдаат младите на возраст од 16 до 20 години, а пикот е меѓу 30 и 40 година од животот.

– Клиниката ја активираше СОС линијата за кризни состојби- 3136 400 и 076 456300 на која стручни лица ќе им пружат помош или ќе им дадат совет на оние на кои им е потребна, додаде Новотни.

Во Македонија во 2010 година стапката на самоубиства изнесувала 7,4 случаи на 100.000 жители, и 6,9 случаи на 100.000 жители на 2011 година.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти