Во кумановско Романовце пронајдени 15 килограми марихуана, приведени се три лица

Од:

Полицијата денеска приведе три лица, едно од село Романовце и две од Куманово поради сомневање за недозволена трговија со дрога. При претрес во домот на лицето од Романовце биле пронајдени околу 15 килограми марихуана. Другите две лица се приведени бидејќи биле затекнати во неговиот дом.

-Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опадни материи, во координација со Одделот за специјални операции, по преземени заеднички координирани мерки и активности, ги лиши од слобода А.С.(28) од село Романовце, кумановско, Д.Ц. (30) и Д.И. (29), двајцата од Куманово, поради постоeње основи на сомнение дека сториле кривично дело недозволена трговија со дрога. По издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Куманово за претрес во дом и други простории, денеска е извршен претрес во домот на А.С. во село Романовце, при што во помошна просторија се пронајдени две торби со три големи полиетиленски пакувања, во кои има околу 15 килограми наркотична дрога марихуана. На лице место биле затекнати Д.Ц. и Д.И. кои, исто така, се лишени од слобода и по издадена судска наредба, извршени се претреси и во нивните домови, соопшти МВР.

СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово во текот на утрешниот ден ќе поднесе кривична пријава против две лица поради постоење основи на сомнение дека го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Татко и син осомничени за илегална трговија со марихуана во гевгелиско

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Трамп потпиша указ за ублажување на федералните регулативи за медицинска марихуана

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Американската војска уништи брод на наводни дилери во Тихиот Океан