Во Кумановска река пронајдено тело на 22-годишно момче

Од:

Во Кумановска река денеска е пронајдено телото на 22-годишниот Марко М, кој исчезна на 31 јануари.

Телото на момчето е извадено од страна на екипи на Територијалната противпожарна единица од Куманово.

Портпаролката на МВР, Марија Јаковлевска потврди дека е утврден идентитетот и посочи дека станува збор за момчето чија мајка го пријави за исчезнат на 31 јануари во 17 часот во полициската станица во Куманово.

Телото на момчето е предадено на обдукција.

Мајката Анита Трајковска изјави дека момчето било болно и оти немало обичај да излегува доцна навечер. 

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он