• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Во Кривичен продолжува „Таргет-Тврдина“ на СЈО

by А1он31/08/2018 - 08:4931/08/2018 - 11:34398
Share0

Во Кривичниот суд Скопје, денеска ќе продолжи судското рочиште за предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“.

Добивај вести на вибер

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Судечкиот совет на 19 јуни одлучи да се раздвои постапката за обвинетите Грујевски и Бошковски, а да продолжи против останатите обвинети во овој случај. Претходно судечкиот совет ја раздвои и постапката за екс министерката Гордана Јанкулоска.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пред два дена на презентацијата на првиот преоден извештај на ОБСЕ рече дека СЈО има многу докази дека лицата кои се обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“ прислушувале и тоа ќе го докаже пред судот.

– „Тврдина – Таргет“ е предмет за тоа дека службени лица од УБК ја уништиле опремата за да не може да се утврди дека на тие машини се прислушувало. Имаме форензичко вештачење во кое се утврдува кој, како и на кој начин прислушувал. Имаме докази во предметот што се уште не е почнат пред судот, а би требало да почне и се надевам дека сите ќе бидеме присутни да утврдиме кој прислушувал. СЈО има многу докази за тоа кој прислушувал и не може овој предмет да го даде на Основното јавно обвинителство, истакна Јанева.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

sjotarget-tvrdina

Би можело да ве интересира

Јанкуловска ќе тужи, ќе бара отштета и да се утврдат вистинските виновници за прислушувањето

Катерина Ѓуровски13/01/2025 - 14:0013/01/2025 - 14:10

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Катерина Ѓуровски17/10/2023 - 15:01

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Катерина Ѓуровски17/10/2023 - 13:15

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески19/09/2023 - 14:4419/09/2023 - 14:46

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Горан Наумовски27/02/2023 - 11:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен