Во Кривичен продолжи судењето за случајот „Ласкарци“

Од:

Со испитување на вештакот Зекирија Зекири во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

На претходното рочиште беше испитано вештото лице Јованка Савова, дел од тимот што го изготви супервештачењето за предметот.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Во Кривичен продолжи судењето за Ласкарци

Судењето за Ласкарци продолжува на 8 јуни

Ана Ололовска

Се сослушуваат сведоци кои го изготвија сообраќајното супервештачење за Ласкарци

Ана Ололовска

Во Кривичен продолжи судењето за Ласкарци

Ана Ололовска

Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа сведочеше вештак на денешното рочиште

Испрашани вештаците, судењето за „Ласкарци“ продолжува следната недела

Катерина Павлова-Николовска