Во Крива Паланка пролетна школа „Етнографија на социјализмот“

Од:

Во манстирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка денеска започна програмата на Меѓународната пролетна школа „Етнографија на социјализмот“ во организација на Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје.

– Ова е втора година како ја организираме пролетната школа на тема Етнографија на социјализмот. Институтот е организатор, но од годинава имаме потесна соработка и со локалната установа Градски музеј и општина Крива Паланка, со цел школата да стане дел од културниот, а може да се рече и од образовниот живот во Крива Паланка и доколку и дадеме доволно амбиции, таа да стане препознатлив стил на градот, изјави проф. д-р Љупчо Ристески, професор на Институт за етнологија и антропологија при УКИМ.

Школата, додаде тој, се одржува тргнувајќи од идејата дека многу малку знаеме за социјализмот,периодот во којшто многу генерации живееја или живееле.

– Сакаме да направиме што по детални истражувања за овој период. Исто така и нашите студенти, но и оние кои учат во странство знаат многу малку за овој период, така што ова е една добра прилика темата да ја проучуваат и студенти од странство. Школата нуди солидна образована содржина, поврзана со социјализмот, за различни аспекти од општествениот живот, политиката и многу други секојдневни аспекти. Судентите ќе имаат можност да работат директно и посредно со граѓаните на Крива Паланка како живи информатори кои нудат многу детали за социјализмот, додаде Ристески.

Програмата на втората Меѓународна школа „Етнографија на социјализмот“ отпочна денес, а официјално беше отворена синоќа во ЛУ Градски музеј, Крива Паланка како дел од соработката на установата со високонаучните институции во Република Македонија.

-Со Институтот за етнологија и антропологија имаме потпишано договор за соработка при теренски истражувања на студентите и друг вид истражувања во Кривопаланечко. Меѓународната школа ќе опфати поширока тема од речиси 50 години која досега антрополошки и етнолошки не била истражувана. Се надевам студентите ќе наидат на една по опсежна подготовка на тема социјализам која ќе им ја овозможат професорите од различни меѓународни факултети и универзитети, истакна Драган Величковски, в.д. директор на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.

На школата се присутни студенти од повеќе европски држави и повеќе од десетина професори од регионот, Европа и пошироко, чијашто специјалност е социјализмот, наративи, споменици, колективни сеќавања и друго, поврзани со овој период.

Годинашната школа ќе понуди неколку гостински предавања, со важни резимеа и четири курсеви: антрополошки приод во разбирањето на социјализмот, методологија и техники на истражувачка работа, визуелизрање на социјализмот со идеи за правење интерактивна мапа на Крива Паланка со разни места на сеќавања од времето на социјализмот и аудио-визуелни податоци и четвртиот курс се однесува на разбирање на политичката економија и на општеството во социјализмот.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски