Во Крива Паланка натпревар „Еко-пакет Македонија“

Од:

Најголемите светски знаменитости изработени од отпадни рециклирачки материјали беа дел од тимските изработки на кривопаланечките ученици кои се натпреваруваа на годинашниот „Еко-пакет Македонија“ натпревар во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“.

На натпреварот учествуваа деведесет ученици, поделени во 18 тимови со исто толку изработки.

– Тимовите беа составени од по пет ученици кои изненадија со својата креативност. Изготвени се несекојдневни репрезентативни реплики на познатите светски знаменитости, што беше тема на натпреварот. Целта е да се подигне свеста кај ученциите за тетрапак амбалажата како придобивка која може да се користи и повторно да се употреби со совесна, корисна и практична примена, изјави Лазо Ѓоргиевски, наставник по ликовно и координатор на проектот во ООУ „Ј.Крчовски“.

Најдобрите уметнички дела ќе се натпреваруваат на национален конкурс.

Училиштето од Крива Паланка, како носител на зелено знаме, е дел од регионалниот проект „Еко-пакет Македонија“ на Асоцијацијата за едукација, консалтинг и комуникација – ОХО, кој се реализира веќе десет години во мрежата на еко-училишта во Словенија, Хрватска и Србија. Во Македонија првпат се одржа во учебната 2014/2015 година во партнерство со „Тетра пак“. Во годинашниот проект учествуваат 39 основни еко-училишта со зелено знаме од 21 општина.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски