А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Крива Паланка над 500 превентивни прегледи во рамки на проектот за заштита од топлотниот бран

by А1он16/08/2014 - 15:15107
Share0

Дежурните медицински тимови од Крива Паланка кои во рамки на проектот на Министерството за здравство вршат превентивни прегледи за заштита од топлотниот бран, досега извршиле над 500 прегледи.

Добивај вести на вибер

– Во периодот од 10 јули заклучно со 7 август тимовите од Здравствениот дом „Димитар Арсов“ кои дежураат на отворените пунктови во градот извршија 497 превентивни прегледи. Кога ќе ги сумираме бројките со последниот извештај од измината недела, надмината е бројката од 500 преледи. Всушност покрај основните прегледи кои опфаќаат мерење на притисок, гликемија и тежина, на сите граѓани кои го посетуваат пунктот им пружаме совети за заштита од топлотниот бран, изјави главната медицнска сестра Сузана Стаменковска.

Таа нагласи дека пунктот е отворен секој работен ден, како и во деновите од викендот, од 18:30 до 21:30 часот. Покрај препораки за заштита од топлотниот бран, посочи Стаменковска, граѓаните добиваат и упатства за превенција од кардиоваскуларни заболувања.

– Основно кон што треба да се придржуваат е примена на хигиенско-диететски режим на исхрана, да не се изложуваат директно на Сонце во периодот од 10 до 17 часот, да престојуваат во климатизирани и затворени простории, да пијат доволно течности, да не козумираат алкохолни пијалоци и кафе, а храната добро да ја обработат термички пред употреба. Основните симптоми на топлотен удар се изнемоштеност, жед, малаксаност и зашеметеност, рече Стаменковка.

Појасни дека лицето кое ќе ги почувствува тие симптоми треба веднаш да побара сенка или ладна просторија за да се смести, да се напие поголема количина вода, а доколку почувствува болки во стомакот или грчеви во мускулите да побара и сручна медицинска помош.

Инаку, според информациите од службата за Итна медицинска помош при кривопаланечкиот Здравствен дом, изминатата недела е зголемен бројот на пациенти со мозочни удари. Поради тоа се препорачува граѓаните да ги почитуваат препораките од надлежните служби и да се заштитат од топлото време кое негативно се одразува особено на хронично болните, старите лиа и бремените жени.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Горан Наумовски27/08/2025 - 14:20

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Горан Наумовски11/08/2025 - 15:20

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Горан Наумовски07/08/2025 - 15:22

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 18:24

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:01

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен