Во Ковид центарот во Дебар само еден пациент

Од:

Епидемиолошката состојба со Ковид-19, како и на ниво на држава и на подрачјето на Дебар и Центар Жупа е стабилна, оценува Баки Алили, директор на Општата болница со проширена дејност во Дебар.

– Во Ковид центарот при инфективното одделение во нашата болница моментно имаме само еден пациент на болнички третман. Станува збор за повозрасна жена од општина Центар Жупа, која е на повремена кислородна поддршка. Ова е најмала бројка до сега од отворањето на центарот, во почетокот на ноември минатата година. Оптимист сум дека веќе го гледаме светлото на тунелот, но сепак, моја порака е дека треба да бидеме внимателни, изјави Алили.

Вчера попладне, додава тој, и покрај сите напори на здравствениот персонал, во Ковид центарот, како последица од опасниот вирус, почина жител на општина Центар Жупа.

Од почетокот на пандемијата, кога ова подрачје беше прво жариште на болеста, регистрирани се 939 случаи со Ковид-19, починале 43, додека активни на болеста се шест лица.

На подрачјето на двете општини во измнатите четири дена нема нов случај, додека овој месец опасниот вирус е потврден кај девет лица, наспроти минатот месец кога од први до 24 април биле регистрани 68 нови случаи.

Доктор Алили потврди дека непречено се одвива и процесот на имунизација, со кој до сега се опфатени околу илјада жители од двете општин.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава