Во Конче откриена втора гробница на великодостојник од вториот или третиот век

Од:

Во Општина Конче на локалитетот Гање дол откриен е гроб на великодостојник, кој бил погребан кон крајот на вториот или почетокот на третиот век.

Универзитетскиот професор, а воедно и раководител на археолошкото истражување, Трајче Нацев вели дека во Могилата пронајдени се монети, керамички жртвеник, предмети со кои во тој период ритуално бил погребан великодостојникот, кој бил кремиран.

– Откриени се поголем број монети изработени од бронза, откриени се унвентариум од стакло, керамика и откриен е еден коскен предмет, вели Нацев.
Тој додава дека засега археолозите кои работат на гробницата во Конче со сигурност неможат да кажат кој е закопан во неа, ниту дали бил маж или жена, а за што се потребни дополнителни антрополошки анализи.

Првата гробница на овој археолошки локалитет беше откриена пред пет години, во неа беа пронајдени дрвени садови и кожни чевли со декорација од златен конец кои потекнувале од вториот век од нашата ера. Нацев посочи дека ова, но и останатите археолошки истражувања на територија на државата говорат за континуираното битисување на овие простори и за културниот идентитет на народот.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Leave a Comment

three × 2 =