Во Кочани се реализира проект за управување со ПЕТ отпадот

Од:

Во Кочани започна реализацијата на едногодишен проект за воспоставување функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадното ПЕТ пакување.

Носител на активностите е здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ во партнерство со компанијата „Екопроект-Ко“ од Кочани, а главна цел е подигање на јавната свест за штетното влијание на пластичниот ПЕТ отпад.

Веќе се обезбедени потребните ресурси за селектирање, како и техничка поддршка за собирање и транспорт на отпадот, а ангажманот на вклучените целни групи ќе трае до крајот на август идната година.

– Во проектот се вклучени учениците и наставниците од четирите основни училишта во Кочани, како и неколку угостителски објекти. Тие заеднички ќе се ангажираат на селектирање на ПЕТ амбалажата и предавање на лиценцирана фирма за управување со отпад од пакување, при што собирачите ќе имаат директен финансиски бенефит, а ќе се постигнат еколошки и социјални ефекти, истакна Ирена Мирчовска, координатор на проектот.

Вкупниот буџет на проектот изнесува над 35 илјади долари, при што од Глобалниот еколошки фонд – програма за мали грантови (ГЕФ ПМГ) се добиени 23 илјади долари, а остатокот е сопствено учество на здружението „Еко Тим Исток“ и партнерската компанија.

Правилното управување со отпадот и користењето на бенефитите во Кочани е на незавидно ниво бидејќи кај населението нема навика за селектирање на ПЕТ отпадот, па тој се исфрла со другиот комунален и опасен отпад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот