Во Кочани приведен дилер од Словенија

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до ОЈО Кочани поднела кривична пријава против А.В.(42) од Република Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривчно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик, соопштија од Миистерството за внатрешни работи.

– На 09.01.2022, по претходно добиена судска наредба, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани извршен бил претрес во куќа, при што бил затекнат А.В.(42) од Р.Словенија, а со привремен престој во РСМ. При претресот пронајден е амфетамин, дигитална вага со остатоци од амфетамин, други предмети со остатоци од амфетамин, како и две пакувања со по 10 семки од растението канабис, посочуваат од МВР.

Лицето е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кочани, а потоа со соодветна кривична пријава предаден на надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

80-годишник загина поправајќи трактор

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал

Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Катерина Ѓуровски

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал