Во Кочани отворен 11. Саем на книгата

Од:

Во Организација на Јавната општинска установа библиотека „Искра“ од Кочани денеска во просториите на Библиотеката е отворен 11. Саем на книгата кој традиционално се организира во рамките на месецот на книгата. На годинашната саемска манифестација излагаат 14 издавачки куќи од Македонија кои на кочанската читателска публика и нудат повеќе жанрови на литература од најновата продукција.

Саемот за отворен го означи Јордан Димитров, претседавач на Советот на општина Кочани кој ја истакна успешната соработка на општината со Кочанската библиотека и издавачките кучќи од Македонија не само по пповод месецот на книгата, туку и во други пригоди.

– На годинашниот саем се изложени за продажба по намалени цени и до 50 отсто 4.010 книги, односно 1.340 наслови од 14 издавачки куќи. Саемот ќе биде отворен до 12 ноември, истакна Мара Атанасова од Коачнската библиотека.

Во рамките на саемот на книгата денеска беше преставено и творештвото на авторот Ниче Димовски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза