Во Кочани е активен крак од пожарот и може повторно да се разгори, најлошо е во Старо Нагоричане

Од:

Најлоша е ситуацијата во Старо Нагоричане, во некои села имаше евакуација на граѓани кои беа загрозени и таму од пожарот беа зафатени неколку куќи, но беа спасени човечки животи, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Во Кочани, како што посочи, нема опасност по градот, но пожарот се уште не е изгаснат.

– Цело утро, двата хеликоптери гаснеа, се уште еден крак е активен и тоа до вечер може повторно да стане катастрофа, да отиде во сите можни насоки, бидејќи ако во Скопје дува ветер, во Источна Македонија дува малку повеќе, рече Ангелов.

Додаде дека доколку забележат дека огнот оди во насока на населено место веднаш пристапуваат кон евакуација на луѓето.

– Имаме многу законски недоречености, законски и подзаконски несовршености, целото тоа го игнорираме, креираме на лице место, даваме се од себе, ги премостуваме сите проблеми кои ќе се појават со оној капацитет што го имаме, а факт е дека е скромен, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Судската медицина потврди: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт

Горан Наумовски

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Oсомничениот сериски убиец е зад решетки, а во Старо Нагоричане се уште владее страв и неизвесност

А1он

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени