А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Кичево зголемен бројот на пожари

by А1он21/06/2017 - 15:05157
Share0

Во 2017 година во Кичево има зголемен број на пожари во споредба со истиот период во изминатите две години, а најчеста причина е човекот, изјави денеска командирот на ТППЕ – Кичево, Горан Соколески.

Добивај вести на вибер

Тој апелира за што повисока свест кај граѓаните во пристапот со околината и при евентуална појава на пожари граѓаните во кое било да ги контактираат на телефонскиот број 193.

– Од почетокот на 2017 година, па се досега имаме вкупно 79 пожари од кои 5 се технички интервенции. Од вкупниот број на пожари, 47 се на отворен простор, а 6 пожари се со поголема материјална штета. Во 2015 имавме вкупно 71 интервенција, додека во 2016 вкупно 65 интервенции. Ако гледаме компаративно и ги споредиме овие три години во истиот период ќе видиме дека има зголемување на пожарите на отворен простор во 2017, рече Соколески.

За 99 отсто од пожарите кои настануваат најчеста причина е човечкиот фактор, додека за еден процент причина се електричните уреди, инсталации, плински боци и др., потенцира командирот Соколески.

Тој истакна дека најголемиот број на пожари се случени од невнимание. Постојат случаи каде човекот со намера предизвикал пожар, но тоа е мал процент.

kicevopozari

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он21/02/2026 - 15:0921/02/2026 - 15:11

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 19:25

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:2115/02/2026 - 19:25

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски05/01/2026 - 11:1105/01/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен