Во Кичево гласаа 32 заразени со Ковид-19 и лица во самоизолација, тројца во Македонски Брод

Од:

Во Општинската изборна комисија Кичево за гласање на парламентарните избори се пријавиле 35 болни од Ковид-19 и лица во самоизолација, во општина Македонски Брод три лица, додека во општина Пласница немаше пријавени лица болни од Ковид- 19 и лица во самоизолација за гласање.

Од пријавените 35, во Кичево гласале 32 лица, бидеќи двајца одбиле да гласаат, а едно лице во меѓувреме заминало во болница, информираше Антигона Сефери од ОИК во Кичево.

Во нивните домови гласаа лицата кои се во домашен карантин поради позитивен тест на вирусот и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Во Македоински Брод гласаа три лица.

– Гласањето течеше без проблеми и забелешки, информираше Лена Милошеска, преседател на ОИК Македонски Брод.

За гласање од оваа категорија немаше пријавено лица во општина Пласница, па таму денеска немаше гласање.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он