Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

Од:

Албански државјанин е приведен во гевгелија откако полицијата го фатиле со 10 мигранит во неговто возило. Луќето кои ги превезувал биле од Египет и од Мароко. сместени се во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија. Кримчарот е приведен.

– На 19.11.2025 во 23:35 часот на ул.„Вардарски рид“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода В.Ц.(24) од Република Албанија. При контрола на патничко возило „киа“ со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 10 лица мигранти, од кои седум од Египет и три од Мароко. Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а лицето е задржано во полициска станица, се вели во известувањето во МВР.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски