Во казино во Тетово приведени три лица поради сертификати за вакцина

Од:

Полицајци вчера во Тетово лишиле од слобода тројца мажи кои немале соодветни сертификати за примена вакцина. Едниот од нив имал сертификат на име на друго лице, додека двајца прикажале сертификати на мобилен телефон чија адекватност ќе се вештачи.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (8 декември) околу 21 часот и 30 минути, во казино на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(32) и Е.Ш.(29) од гостиварски Добридол и И.К.(46) од Тетово, поради сомнение за „употреба на исправа со невистинита содржина“.Двајца од нив немале сертификати за примена вакцина, а еден употребил сертификат од друго лице од Добридол, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот на тројцата ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка