Две безживотни тела на на 19-годишно и на 16-годишно момче се пронајдени во близина на стрелиштето Камник и во близина на гостиварско Чегране. Најверојатно, според полицијата се работи за самоубиство со бесење.
19-годишниот Н. М. бил пронајден во близина на стрелиштето Камник и најверојатно се работи за самоубиство, соопшти МВР.
Безживотно тело било забележано од случаен минувач. Телото на починатиот е предадено на обдукција.
16-годишно момче од гостиварското село Врбјане вчера е пронајдено обесено со јаже како виси на сливово дрво во гостиварското село Чегране. Во Полициската станица во Гостивар го пријавил 34-годишен жител на селото Чегране, син на сопственикот на бачилото, во кое несреќното момче работело неколку дена.
Според информацијата на СВР-Тетово, тинејџерот неколку дена го чувал и го напасувал стадото на чегранскиот сточар. Од увидот што го извршиле на самото место на настанот, истражен судија на Основниот суд – Гостивар, јавен обвинител и екипа на Полициската станица во Гостивар, констатирале дека врз безживотното тело нема траги на насилство. По налог на истражниот судија, телото на починатиот е предадено на обдукција. Мотивите и причината за самоубиството се уште не се познати.