Во јуни зголемен бројот на туристи за 7,3 проценти

Од:

Бројот на туристите во јуни годинава изнесува 67.822, а во однос на јуни лани е зголемен за 7,3 проценти.

Регистрирани се 168.412 ноќевања, или за 3,1 процент повеќе, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во јуни во однос на истиот месец лани, е намален за 7,8 проценти, а на странските туристи е зголемен за 16,1 проценти.

За 9,4 проценти се регистрирани помалку ноќевања на домашни туристи, а на странските туристи се зголемени за 12,5 проценти.

Во периодот јануари-јуни годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,1 процент.

Кај домашните туристи има намалување за 2,6 проценти, а кај странските зголемување за 11,7 проценти.

Во тој период има зголемување на ноќевањата за 5,3 проценти, при што кај домашните има намалување за 1,2 проценти, а кај странските зголемување за 10,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

На плажата Голем во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Жена ги откри градите среде хрватски ресторан

Зголемен бројот на туристи

Туристите ги наведоа местата кои никогаш повеќе не сакаат да ги посетат, на листата и Скопје

Предраг Петровиќ