Во јуни решени 69 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

Од:

Во текот на месец јуни до општинскиот сервис за брзи услуги „Систем 48“, граѓаните на општина Струмица доставиле вкупно 86 пријави. Од нив решени се 69 пријави, а останатите 17 пријави се во процес на решавање бидејќи се работи за проблеми кои не се решаваат во период од 48 часа.

По конкретно се работи за крпење на ударни дупки за кои е потребна тендерска постапка или поставување на нови сливници за кои исто така е потребна фирма изведувач и кроење на дрвја кои поради временскиот период, екипите задолжени за таа област, не се во можност да ги решат.

Најголем број од пријавите или 36 во месец јуни се од областа на уличното осветлување, 23 пријави се за собирање смет, 18 од областа на водовод и канализација.

Бројот на поднесените пријави потврдува дека граѓаните на општина Струмица се повеќе му веруваат на „Систем 48“ и преку него бараат решавање на нивните проблеми. Најголем дел од нив се решаваат во рок од 48 часа.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите