А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Во изолација четворица вработени на Детска клиника, и покрај заразениот лаборант Филипче вели дека сите носеле заштита

by Маја Илиевска-Пачемска14/04/2020 - 16:0014/04/2020 - 17:55630
Share0

На четворица од вкупно осумнаесет вработени на Детската клинка во Скопје епидемиолозите им препорачале изолација откако кај еден лаборант бил потврден коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче.

Добивај вести на вибер

Тој нагласи дека сите вработени носеле соодветна опрема за заштита од коронавирус и не одговори прецизно на прашањето како се заразил лаборантот.

„Тоа се луѓе кои работат во лабораториски услови со целосна заштитна опрема. Во овој момент нема информација за директен контакт на лаборантот со било кој од пациентите. Без разлика што е користена заштитна опрема се земаат податоци од сите вработени во негова непосредна околина“, рече министерот Филипче.

Во овој момент тој смета дека нема потреба од посебна реорганизација во болницата заради тоа што има доволен број вкупно вработени за да се надмине недостатокот од вработени кои што следните две недели ќе бидат во изолација.

„А1он“ веќе објави дека лаборант на Детската клиника кој работел со пациенти од сите катови во болницата е позитивен на коронавирус.

Вработени во Клиниката за „А1он“ изјавија дека сомневањата се дека лаборантот се заразил на Детската клинка, но не знаат со сигурност дали од пациент или од неговата придружба. Веста предизвикала страв и паника подеднакво и кај пациентите и кај вработените.

Detska klinikakoronavirus mkdvenko filipce

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он28/03/2026 - 15:56

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Горан Наумовски24/03/2026 - 12:23

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он22/03/2026 - 16:1522/03/2026 - 16:08

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто