Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор. Од вкупната бројка 12 пожари се активни, пет се под контрола, а се изгаснати.
Активни се пожарите кај:
1.Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (Новаци) и крак кон границата со Р. Грција (мешана шума);
3. Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци); под контрола помеѓу Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
4. Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
6. Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња (мешана шума);
7. Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација);
8. Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума);
9. Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце (ниска вегетација);
10. Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација);
11. Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација);
12. Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација).
Под контрола се пожарите во:
1. Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
2. Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума);
3. Струмица – с. Баница и населба Софилари (висока трева);
4. Карбинци – с. Јунузлија (шума);
5. Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).
Изгаснати се пожарите во:
1. Сарај 1 – с. Семениште (стрниште и гранки);
2. Сарај 2 – с. Паничари (сува трева);
3. Гази Баба – с. Трубарево (стрниште, грмушки и сува трева);
4. Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија);
5. Кривогаштани – кај депонијата (сува трева и грмушки);
6. Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума);
7. Василево – с. Василево (ниска вегетација);
8. Струга 1 – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште);
9. Струга 2 – с. Октиси (депонија);
10. Штип – кај м.в. 9-ти км (сува трева);
11. Карбинци – с. Радање (стрниште, сува трева и штала);
12. Куманово 1 – н. Бедиње (ниска вегетација);
13. Куманово 2 – с. Табановце (сува трева);
14. Куманово 3 – ул. Никола Тесла (сува трева);
15. Куманово 4 – с. Тромеѓа (сува трева);
16. Теарце – с. Непроштено (сува трева)