Во изминатите 24 часа издадени 1.983 потврди на мигранти

Од:

Во изминатите 24 часа издадени се вкупно 1.983 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на азил на мигранти кои транзитираат низ Македонија. Од нив,  1.241 се мажи, 324 жени, 304 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 114 деца кои патуваат без родител.

Најбројни се Сиријците (1.142), потоа Авганистанците (392), државјаните на Ирак (342)…..

Како што соопшти МВР досега се издадени потврди на вкупно  92.758 мигранти, од кои 61.732 се мажи, 12.608 жени, 15.460 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 2.958 деца кои патуваат без родител.

До Одделението за азил во изминатите 24 часа не се поднесени барања за признавање на право на азил, а досега се поднесени 49 вакви барања при што 36 се барања од државјани на Сирија, три барања од државјани од Пакистан и Авганистан и по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак.

Во Прифатниот центар за баратели на азил вчера се евидентирани четири баратели на азил и тоа сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место определено од Министерството за труд и социјална политика.

Од страна на мобилните екипи на Црвениот крст укажана е прва помош на 865 лица на Табановце и на Гевгелија, пренесена е до болница една трубница, а дистрибуирани се и 2.526 шишиња вода, 79 пакети со храна, ……

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари