А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во избирачкиот список до 30-ти ноември евидентирани 1.749.038 граѓани

by А1он21/12/2012 - 12:2221/12/2012 - 12:24173
Share0

Според податоците за состојбата на државјани на Република Македонија со важечка лична карта или патна исправа заклучно со 30 ноември 2012 година доставени од МВР, во избирачкиот список се запишани 1.749.038 граѓани од кои 1.686.130 се во државата, а 62.908 се во странство, заклучи денеска Работната група за проверка на избирачкиот список.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Работната група препорачува во иднина во делот на избирачкиот список да се продолжи континуирано со оваа методологија на работа, изјави Бедредин Ибраими, претседавач на работната група и додаде дека остануваат уште 120.000 граѓани во и надвор од Република Македонија кои немаат извадено нови документи.

Според него, избирачкиот список е прочистен и како таков ќе се користи за локалните избори со можност истиот да се промени според определена динамика на запишување или бришење.

Министерот Никола Тодоров како претставик на ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот на партијата дека тие се за фер и демократски избори, особено во делот на избирачкиот список кој во целост треба да е прочистен пред распишувањето на изборите.

Следете a1on на Youtube YouTube

– ВМРО-ДПМНЕ нема никаков интерес да имам какви било нерегуларности, напротив ние сме цврсто на ставот дека изборите треба да бидат фер демократски и во согласност со позитивните прописи особено во делот на избирачкиот список кој согласно надлежностите на ДИК треба да се прочисти и да се затвори пред изборите, рече Тодоров,

Дамјан Манчевски од СДСМ истакна дека партијата опстојува на заложбите за одржување фер и демократски избори. Повтори дека за нив е важно избирачкиот список да биде прочистен. СДСМ останува на барањето за целосно исполнување на препотраките на ОБСЕ/ОДИХР, но и да продлжат активностите на работната група и постојано да се следи динамиката на прочистување на избирачкиот список.

izbori

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

Горан Наумовски21/08/2026 - 10:34

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски21/08/2026 - 07:5521/08/2026 - 07:57

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Горан Наумовски20/08/2026 - 21:53

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

Горан Наумовски20/08/2026 - 20:44

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Горан Наумовски09/08/2026 - 20:50

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Горан Наумовски15/06/2026 - 07:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео