Во Илинден одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Од:

Во рамките на одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба, делегација на општина Илинден предводена од градоначалникот Жика Стојановски положи цвеќе пред бистата на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци. На одбележувањето беа присутни роднини и познајници на семејството Аџаларски, голем број на граѓани, советници од Советот на Општина Илинден, претставници на јавните претпријатија, училиштата и на здруженија на граѓани.

Аџаларски е роден во село Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година на територијата на денешната Општина Илинден, а загинува 1909 година. Тој пред и по Илинденското востание предводел поголема комитска дружина, а во неговата чета имало повеќе комити од околните места на денешната Општина.

Со положувањето на свежо цвеќе, спомнувањето на големите настани од поблиското историско минато и оддавањето почит на македонските револуционери, Општина Илинден традиционално секоја година се вклучува во одбележувањето на Денот на Македонската револуционерна борба.

Би можело да ве интересира

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ

Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија

Мицкоски: Прогласувам мораториум на разговори на теми кои делат и ги злоупотребуваат етничките прашања, ги повикувам сите лидери да зборуваме за она што решава проблеми, економијата, образование, иновации

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август