Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис

Од:

Во полициска акција во близина на грчкиот град Кукуш (Килкис) уапсени бил 27-годишен државјанин на Северна Македонија под обвинение дека во автомобилот пренесувал 45 килограми канабис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, уапсениот првично не застанал на знаците на полицијата, се обидел да побегне, зголемувајќи ја брзината и во обид да заврти полукружно удрил во друг автомобил.

Во автомобилот на 27-годишниот македонски државјанин биле пронајдени две торби со 40 пакувања канабис со вкупна тежина од 45 килограми и два грама.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Патник „почести“ стјуардеси со бонбони со канабис, тие завршија во болница со халуцинации

А1он