Во Грција се предлага вакцината „АстраЗенека“ да се дава на лица над 30 години

Од:

Националната комисија за имунизација, откако ги процени достапните податоци, препорачува продолжување на програмата за вакцинација со сите достапни вакцини, вклучувајќи ја и вакцината на Астра Зенека, за лица на возраст од 30 години и нагоре, соопштуваат од надлежната грчка комисија по одржаниот состанок за конкретната вакцина.

Објаснуваат дека ризикот од сериозно заболување и смрт од Ковид-19 е убедливо поголем од ризикот од евентуална тромбоза по вакцинацијата, особено кај оние над 30-годишна возраст.

Алтернативниот министер за здравство на Грција Василис Кондозаманис на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата, рече дека од понеделникот до денеска редовно се спровела вакцинација за 93 отсто од закажаните термини за имунизација со вакцината на Астра Зенека.

Во однос на рестрикциите во земјата заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас соопшти дека од понеделник се отвораат обложувалниците и продавниците и во регионалните единци Ахаиа и Солун, а затворени, единствено ќе останат во Козани.

Малопродажба и во текот на следната седмица ќе работи само со услугите „click away“ и „click in shop“, односно подигнување на претходно направена нарачка или посета на продавница по закажан термин, со исклучок на Солун, каде продавниците ќе се отворат само за подигање на нарачка.

Граѓаните и понатаму за шопинг имаат на располагање најмногу три часа, еднаш дневно, откако претходно ќе испратат смс порака на специјален број со име и презиме и ќе добијат повратен одговор со дозвола за посета на продавница.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.747 нови случаи, од кои 1.248 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а починаа 78 лица.

Паралелно, регистриран е нов негативен рекорд со 790 пациенти приклучени на апарати на oдделите за интензивна нега во грчките болници.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција