А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во грчкиот Парламент ќе се формира Група за пријателство со Северна Македонија

by А1он16/02/2020 - 10:0417/02/2020 - 08:48434
Share0

Во грчкиот Парламент, во тек е процесот за формирање парламентарна Група за пријателство Северна Македонија – Грција, а до пратениците веќе бил испратен допис, оние кои што сакаат да се пријават за учество во групата, дознава дописничката на МИА од Атина.

Добивај вести на вибер

Станува збор за избор на пратеници од грчка страна, кои заедно со нивните македонски колеги од Собранието, ќе бидат дел од Групата за пријателство Северна Македонија – Грција.

Пракса е во ваквите парламентарни групи да учествуваат пратеници од сите партии што се дел од грчкиот Парламент.

Останува, во текот на следниот период, а според информациите на МИА, можеби дури и во текот на следната седмица да биде познат составот на грчката група и од кои партии ќе бидат нејзините членови.

Според информациите на официјалниот сајт на грчкиот Парламент, парламентарните групи за пријателство „се формираат со одлука на Претседателот на Парламентот, по писмено барање од пратениците“, во групите учествуваат, „по можност, пратеници од сите пратенички групи“, а „предмет на парламентарните групи за пријателство е зајакнување на парламентарната дипломатија на меѓународно билатерално ниво“.

Пратеникот од СИРИЗА, Јанис Бурнус, кој беше дел од грчката делегација во Скопје, предводена од тогашниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, во разговор со дописничката на МИА од Атина, коментира дека оваа разврска е исклучително важна и позитивна, „особено ако се земе предвид дека доаѓа од влада која до изборите се бореше против Договорот од Преспа“ и открива дека лично тој, сигурно ќе се пријави за да бидат дел од групата.

“Штом завршиме со разговорот, ќе одговорам на мејлот дека би сакал да бидам во оваа Група за пријателство, особено ако земеме предвид дека со Алексис Ципрас како премиер, кога го посетивме Скопје и Собранието,се сретнавме со луѓе кои веќе имаа формирано група за контакт со Грција и не прашуваа кога ќе се формира истата таква група во грчкиот Парламент.

Тоа е разврска која ја чекавме, тоа е уште еден чекор во градењето доверба и соработката на двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа”, вели Бурнус.

Според податоците на официјалниот сајт на грчкиот Парламент, постојат 77 парламентарни групи за пријателство со исто толку земји и „ги покриваат парламентарните односи со Парламенти од Европа, Америка, Азија, Африка и Океанија“.

Меѓу 77-те земји со кои грчкиот Парламент има воспоставено соработка преку парламентарните групи се сите земји од регионот.

Од земјите од регионот, Групата со Црна гора има само три членови односно претседател, потпретседател и секретар, по шест членови имаат Групите за пријателство со Словенија и Хрватска, со Босна и Херцеговина и Бугарија седум, со Албанија има 17 членови, а со Србија е меѓу побројните со 30 членови, вклучително и претседателот, заменикот и секретарот.

Групата за пријателство со Германија има помалку членови од онаа со Албанија или Србија и изнесува 16, а со Франција има еден повеќе.

Меѓу најбројните се Групите за пријателство со Русија и САД со 62, односно 56 членови.

grcija

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огнот го уништува грчкото одморалиште, наредена евакуација

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 09:00

ВИДЕО: Огромен пожар беснее на Крит, масовна евакуација на населението и туристите

Катерина Ѓуровски03/07/2025 - 08:00

Новиот грчки министер за миграција вели дека убивањето мигранти на граница е во ред

Горан Наумовски29/06/2025 - 17:21

(ВИДЕО) Локализиран е пожарот кој избувна во близина на Кавала: Туристите добија итно предупредување

Горан Наумовски29/06/2025 - 16:1629/06/2025 - 17:33

Ослободен е македонскиот камионџија кој вчера беше уапсен во Грција

Горан Наумовски29/06/2025 - 12:2629/06/2025 - 12:32

(ВИДЕО) Избувнаа пожари во близина на Солун

Горан Наумовски28/06/2025 - 16:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен