Во грчката пошта нашата земја е именувана како Македонија

Од:

Неофашистичката партија „Златна зора“ денеска објави документ од грчката пошта во кој нашата земја е наведена како Македонија, по што бурно реагираше и повика на одговорност неколку грчки министерства, јави дописникот на МИА од Атина.

Се работи за допис од норвешката Амбасада до македонската Амбасада во Грција, кој е од април годинава и е на грчки јазик. Документот е адресиран до „Амбасадорот на Македонија”, што предизвика бурна реакција од страна на грчките неофашисти кои побараа и оставки од одговорните во администрацијата на поштата.

„Златна зора“ за „инцидентот“ упати и пратенички прашања до министерот за инфраструктура, транспорт и врски, до шефот на дипломатијата и до министрите за внатрешни работи и за Македонија и Тракија.

Грчките неофашисти прашуваат дали карактеризирањето на примачот како „амбасадор на Македонија“ ја одразува денешната позиција на грчката Влада во прашањето за името и дали ова неформално и индиректно “признавање” на Скопје како “Македонија” е во рамките на отстапувањто на националниот суверенитет и банкротот во грчката надворешна политика. Тие со прашања и какви ќе бидат казните за државните службеници кои, се вели, го игнорираа или прифатија овој предавнички чин и како ќе се гарантира дека нема да се повторат слични феномени во некоја друга државна служба.

Во рекацијата на партијата се наведува и дека „на клучните позиции во јавниот сектор во Грција се поставени луѓе кај кои нема ни трага од патриотизам и им наштетуваат на државните интереси“.

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

Судот го одби барањето за притвор на директорот на гимназијата: Стојковиќ ќе се брани од слобода

(ВИДЕО) Снимен падот на хеликоптерот на ЕУФОР кај Брчко: Се вртеше во воздухот пред да се урне

Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати

Предраг Петровиќ