Во градските цркви во Велес одбележано Христовото Воскресение Велигден

Од:

Епархијата Повардарска со седиште во Велес синоќа го одбележа Христовото воскресение и големиот христијански празник Велигден со златоустова литургија во црквите „Св. Кирил и Методиј“, „Вознесение Христово“ „Св Спас“ и „Св. вмч. Пантелејмон“, каде што чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Повардарски Агатангел со бројното свештенство, а во присуство на голем број православни верници кои палеа свеќи и го славеа Христовото воскресение со кршење велигденски јајца пред црквите.

По повод Воскресението Христово златоустова литургија утрово во 7.30 часот се одржа во црквата „Св. Богородица“.

Од Епархијата Повардарска со седиште во Велес воедно ги повикуваат православните христијани на вечерна служба на Второ Воскресение – читање на Воскресенското Евангелие на разни јазици во црквата „Св. Кирил и Методиј“ каде што ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Повардарски г. Агатангел која ќе започне утрово во 9 часот.

Инаку вакви Злотоустови литургии се одржуваат во градските цркви во Велес секој ден до 12 април, а на 13 април ќе се одржи во манастирот Св. „Димитрија“, каде првиот четврток и петок велешани масовно го слават празникот Источен Петок – Балаклија Посветен на Пресвета Богородица.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението