Во градинките се примаат деца со три дози ДиТеПер вакцина, задолжителна е ревакцина за шест месеци

Од:

Децата кои имаат примени три дози вакцина ДиТеПер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со услов за ревакцина во наредните шест месеци. Тоа е овозможено со одлуката што ја донесе во петокот министерот за здравство Илир Демири, по препорака на Комисијата за заразни болести за промена на претходната одлука за забрана за прием на невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца поради прогласената епидемија на голема кашлица во Скопје.

Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) минатата недела изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинки во кои, како што информираше директорката Рената Младеновска, утврдено е дека се почитува решението за забрана за прием на нецелосно или делумно вакцинирани деца.

Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат Рената Младеновска најави дека денеска ќе и биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести со што

Податоците на ДСЗИ покажуваат дека за разлика од Скопје каде околу 50 отсто не се вакцинирани со ДТП, во внатрешноста значително повисок процентот на вакцинирани и изнесува над 95 проценти.

Од 15 март во државава се достапни и вакцини против пертусис и за возрасни и како што информираше Министерството за здравство граѓаните можат да се обратат во вакциналните пунктови.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 8 до 14 март се регистрирани нови 43 случаи на голема кашлица, со што бројот на заболени достигна 216.

– По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 190 или 88 проценти во четиринаесет различни општини, осум лица се од Тетово, петмина живеат во Куманово, во Гостивар три и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и од Кочани, покажуваат податоцоте на ИЈЗ.

Би можело да ве интересира

Во Србија уште едно бебе почина од голема кашлица

А1он

Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава

Нови 38 случаи на голема кашлица, од нив шестмина хоспитализирани

631 случај на голема кашлица во земјава, три нови хоспитализации

Катерина Ѓуровски

Нови шестмина хоспитализирани, вкупно 553 случаи на голема кашлица до 9 мај