Нови шестмина хоспитализирани, вкупно 553 случаи на голема кашлица до 9 мај

Од:

15 случаи на пертусис – народски кажано голема кашлица, се пријавени во периодот од 3 до 9 мај, од кои шест лица се хоспитализирани. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 14, а пријавен е и еден случај од Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 62 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен денеска.

Заклучно со 9 мај, во државава се регистрирани вкупно 553 случаи на голема кашлица, со инциденца од 30,1/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Од ИЈЗ потсетуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територија на Скопје и Куманово.

Од 18 јануари до 9 мај, дадени се вкупно 45.715 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

Би можело да ве интересира

Нови 38 случаи на голема кашлица, од нив шестмина хоспитализирани

631 случај на голема кашлица во земјава, три нови хоспитализации

Катерина Ѓуровски

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

312 случаи на голема кашлица во Скопје

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски