Во Град Скопје стручни расправи за поголема ефикасност во транспортот

Од:

Повеќе презентации и стручни расправи за постигнување поголема ефикасност во транспортот се одржаа во Град Скопје, во рамки на европскиот проект CREATE – „Намалување на сообраќајниот метеж во Европа – постигнување транспортна ефикасност“.

Во овие стручни дебати и презентации, како што соопшти Град Скопје, учествувале експертот за урбан транспорт од Универзитетскиот колеџ во Лондон и координатор на проектот Клеменс Каволи, Дејвид Бул, експерт за урбан транспорт со долгогодишно искуство, професори од поголем број факултети, претставници на администрацијата на Град Скопје, од Министерството за внатрешни работи, Институтот за планирање, урбанизам и сообраќај – ИН Пума и Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија.

„CREATE“ е истражувачки проект финансиран од Европската комисија со програмата за истражување и иновации „Хоризонт 2020“ и е еден од првите проекти што се занимава со задачата за справување со урбаниот сообраќаен метеж на патиштата, особено во градовите со брз пораст на употреба на автомобилите.

– Главната цел на овој проект е намалување на сообраќајниот метеж во европските градови преку поттикнување промена на транспортните навики, од патувањата со автомобил на патувања со одржливи видови транспорт како што се користење јавен транспорт, велосипед и пешачење, соопшти Град Скопје.

Проектот треба да им помогне на градовите учесници во создавањето одржлив транспортен систем. Ова, како што се наведува, ќе се постигне преку размена на искуства и преземање добри практики меѓу градовите учесници во овој проект, пред се меѓу градови кои се карактеризираат со рапиден пораст на употреба на автомобили и градовите кои вршат релокација на просторот за автомобили на јавниот транспорт и промоција на патувања со пешачење и возење велосипед.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески