Во Гостиварско откриени и депортирани 12 албански државјани без регулиран престој

Од:

Во акциска контрола на полицијата за откривање на лица кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето во гостиварските села Чајле, Форино и Чегране, вчераутро откриени се 12 државјани на Република Албанија, информираат од СВР Тетово.

Повеќето од нив, биле надничари кои работат во земјоделието и градежништевото. Сите се депортирани во матичната земја.

– При идентификацијата на лицата, на возраст од 20 до 40 години било констатирано дека немаат валидни документи или пак имале забрана за влез. Ниту еден од нив го немал регулирано престојот во земјава, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

По извршените разговори со лицата во соработка со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, вчера попладне сите се депортитани во матичната земја.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ