Во Гостивар за три месеци има пет случаи на жолтица

Од:

Во гостиварскиот регион регистрирани се пет случаи на заразна жолтица. Од гостиварскиот центар за јавно здравје го потврдија присуството на вирусното заболување.

– Еден случај е регистриран во јуни и по два во јули и август. Лицата се на различна возраст и нема нивна поврзаност. Три се од градот, две се од околните села. Изворот засега не може да се утврди, изјави Војче Огњаноски, епидемиолог од гостиварското одделение на Ценатрот за јавно здравје.

Во изминатите години биле ретки случаите на заразна жолтица и имало години без ниту еден случај. Иако бројот е мал и нема услови за прогласување епидемија сепак, како што посочи Огњаноски, здравствените работници ќе бидат претпазливи, со оглед дека наскоро ќе почне школската година.

Појавата на епидемии од заразна жолтица со по стотина заболени е надмината со иградбата на канализација во градот и околините населби.

Би можело да ве интересира

ДСЗИ: Епидемија на жолтица има само во населбата „Даме Груев“, извршен вонреден инспекциски надзор во училиштата каде има заболени

А1он

Министерство за здравство: Регистрираните случаи на жолтица не се епидемиолошки поврзани

Ана Ололовска

Шеесет и едно лице заразени со жолтица, меѓу нив ученици од основни и средни училишта

Татјана Ташкова

Епидемија на заразна жолтица во Посебното училиште во Ново Село

(ВИДЕО) СДСМ: Шуто Оризари жолтее, им делат апчиња со поминат рок од 11 години

Ана Ололовска

Во Струга нема регистрирано жолтица

Ана Ололовска