51-годишниот Менсур Иљази од село Чегране вчера околу 23 часот и 30 минути во близина на железничката станица во Гостивар пукал кон 62-годишниот гостиварец кој починал на местото на настанот и кон 39-годишна дебарчанка која се здобила со тешка повреда.
Дебарчанката е пренесена во гостиварската болница , а поради сериозноста на повредите е префрлена во Клиничкиот центар во Скопје.
Мотивите за убиството засега се непознати.