Во Гостивар поведена постапка за три лица кои не ги почитувале здравствените прописи

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица кои не ги почитувале здравствените прописи и го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, едно од обвинетите лицa, како сопственик на угостителски објект во село Горно Речица, гостиварско, на 8 април бил затекнат како послужува повеќе гости во внатрешноста на објектот. Со тоа, лицето не постапило согласно на мерките и препораките од Владата на Република Северна Македонија за сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот.

Другите обвинети, со возило или пеш во одделни кривично правни настани се движеле низ градот иако во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Северна Македонија.

Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот на двајцата обвинети да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби.

Би можело да ве интересира

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар

Тригодишно дете ќе се загушело од гумена бонбона, без свест донесено во болница во Гостивар

Катерина Ѓуровски