Во гимназијата во Центар Жупа има само 14 матуранти, иселувањето го празни регионот

Од:

– Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа тековнава учебна година средното обрзование го завршуваат 14 ученици, што е за три помалку споредено минатата.

-Во нашата гимназија имаме 14 матуранти од нив еден е на македонски наставен јазик и е пријавен за полагање училишна матура. На турски наставен јазик се 13 од кои 10 се пријавени за полагање државна, додека тројца за училишна матура. Минатата учебна година средното образование го завршија 17 ученици, што е за тројца помалку, изјави за МИА, директорот на гиназијата Сабри Асан.

Во оваа образовна установа во учебната 2023/ 2024 година настава следат вкупно 90 ученици на двата наставни јазика.

Главната причина за се помалиот број ученици, како во средното така и во двете основни училишта, е масовната миграција. Во некоја од европските земји, главно во Италија, Германија и Швајцарија, се околу 70 отсто од поранешните жители на ова општина.

Би можело да ве интересира

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа во првото пријавување во прва година запишани само 10 ученици

Поради масовната миграција: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти

Горан Наумовски

За една декада за 11,5 проценти намалено населението во Бугарија

Горан Наумовски

За десет години Албанија ја напуштиле 500 илјади граѓани

А1он