Во Гевгелија одбележан Денот на Европа и победата над фашизмот

Од:

Со пригодна манифетацијата денеска во Гевгелија беше одбележан Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Одбележувањето на Денот на Европа беше проследено со богата културно-уметничка програма и претставување на четири држави членки на Европската унија, Германија, Шведска, Грција и Кипар.

Љубчо Алексовски, модератор на настанот, изјави дека преку реализација на повеќе проекти кои се финансисики подржани од ЕУ фондовите општина Гевгелија остварува плодна прекугранична соработка со Грција и Бугарија од која значајни бенефити има населението.

Денот на победата над фашизмот се одбележа пред Спомен костурницата каде во чест на паднатите борци цвеќе положија делегации на општинската боречка организација и политичките партии.

– Во борбата против најголемото зло во историјата на човештвото-фашизмот, во глобални рамки можеби скромни, но за нас големи жртви даде и општина Гевгелија. Денеска им се поклонуваме да им оддадеме должна почит и да им ветиме дека никогаш нема да бидат заборавени, рече Ристо Марковски, претседател на боречката организација на општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он