Во Гевгелија да се воведе полициски час, бара локалниот Кризен штаб

Од:

Кризниот штаб на Општина Гевгелија на денешната седница, по констатираната влошена епидемиолошка состојба во Општината, побара од Главниот кризен штаб да се воведе полициски час на територијата на Општината во периодот од 21:30 часот до 5 часот наутро секој ден до стабилизирање на состојбата.

Изминативе два дена во Општина Гевгелија беа регистрирани 77 лица позитивни на Ковид-19, а сите членови на Кризниот штаб биле едногласни во донесувањето на денешните заклучоци и мерки.

Кризниот штаб бара и за територијата на општината да се преиспита зголемувањето на пополнетоста на автобусите на 75 отсто и таа да се врати на 50 отсто, како што беше претходно. Се бара и враќање на претходните рестриктивни мерки и примена на мерките за заштита од ширење на Ковид-19 од страна на општинските и државните интситуции, стопанските капацитети и сите економски оператори.

Од денеска, како што посочуваат од Штабот, се забрануваат групирања на јавни површини во Општината, во туристичките места Смрдлива вода и Негорски бањи, како и во планинските села Конско, Серменин и Ума.

На ЈПКД Комуналец му е наложено да продолжи со дезинфекцијата на улиците и јавните површини, а од надлежните служби се бара да ја засилат контролата во поголемите населени места и да се реактивираат патролните екипи.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски