Во еден ден предложени и изгласани одредбите кои ги бараше Јанева

Од:

Неколку часа откако се најдоа во собраниска процедура парламентот ги изгласа измените во Законот за јавнообвонителска служба кои му овозможуваат на специјалното јавно обвинителство автономно да вработува и ангажира службеници. За измените гласаа 75 пратеници со што Собранието едогласно ги усвои.

Измените беа разгледувани во итна постапка. За два часа ја поминаа расправата на пленарна седница, а потоа второто читање во собраниските комисии. Предлагач на измените е Владата откако Министерството за правда доставило барање да се донесат по скратена постапка.

Иако владејачкото мнозинство гласаше против предлог законот на Катица Јанева, кој го поддржа само опозицијата, овој пат за измените гласаа пратениците од сите партии во парламентот.

Со овие измени во постоечката регулатива со членот 4 се додава нова глава за Јавнообвинителска служба во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Со новите одредби специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева, ќе има надлежност да одлучува за лицата кои ќе бидат вработени и како ќе бидат распоредени. Изрично стои дека за вработувањето во ова обвинителство „не се врши планирање согласно Методологоијата за планирање на вработувањата во институциите на јавниот сектор.“

Јанева со акт за систематизација ќе ги утврдува описот на звањата и бројот на јавнообвинителски службеници. Обвинителката ќе одлучува за сите прашања кои се однесуваат на работниот однос на јавнообвинителските сужбеници и лицата вработени во ова јавно обвинителство кои вршат технички и помошни работи.

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата